Еве што ќе ви земат извршителoт – ќе ви ја соблече бундата, но долната облека и компјутерот нема да ги пипне


Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците

nevrabotenost2Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска вредност, пијано…, но тоа речиси и не се случува, зашто, како што велат извршителите, во домовите на должниците вакви луксузни предмети – нема.

Според Законот за извршување, извршителот има право да блокира банкарска сметка и од неа да одземе дел за да наплати долг за струја, вода, парно, кредит и слично. Исто така, има право и да влезе во домот на должникот, да направи попис на предметите што ги поседува, да заплени дел од нив и потоа да ги продаде на јавно наддавање. Но, македонските граѓани не треба многу да се плашат од вакво соочување со извршители, зашто тие ретко применуваат заплени, освен ако не се работи за хипотека на недвижен имот.

Кога влегуваат кај должниците извршителите имаат и полициска придружба, проценител, носачи, а сето тоа се плаќа. На пример, еден час асистенција на полицаец чини шест евра плус ДДВ, а се плаќа и процент за полициската опрема и плус по едно евро на километар за комбето. Се плаќа и проценителот, а сето тоа паѓа на товар на должникот.

denari_191010– Еден попис обично чини по 400 до 500 евра. Ако долгот е на пример 1.000 евра и ако се знае дека во домовите главно нема вредни предмети, нема логика да се прават трошоци. Затоа, во една година немам повеќе од 20 пописи во домови на граѓани – вели Станковиќ.

Од домовите на граѓаните не смее да се земе се. Законот за извршување пропишува дека не смее да се земаат облека, обувки, долна облека и други лични предмети, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и друго со вообичаена вредност, потребно за задоволување на основните потреби за домаќинството. Не смее да се запленува ниту храна и огрев во залихи за три месеци, ортопедски помагала и слично. Иако е дозволено, извршителите не одземаат ни компјутери, зашто во нив има лични податоци, а не ги погледнуваат ни старите телевизори, бидејќи не можат да ги продадат за повеќе од 1.000 денари. Најлесно се продаваат телевизорите, климите и другата техничка стока, а најтешко троседите.

Вечер.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1