Министерството за внатрешни работи информира дека со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, склучени се договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.
-Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија). Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и Германија, соопштуваат од МВР.
Исто така Министерството за внатрешни работи и на останатите земји од Европа (32) им има доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција.