Еве за што се може да користите сода бикарбона!


Сода бикарбона често е потценета иако е одлична за многу нешта во домаќинството. Покрај тоа што може да помогне и вашите колачи и кифли да ги направи да бидат многу помеки еве и за што друго е добра!

1. Доколку ставите едно лажиче сода бикарбона во водата во вазната во која чувате цвеќе ќе му овозможите на растението многу подолго да остане свежо.

2. Ставете одредена количина на сода бикарбона во замрзнувачот зашто таа ќе ја апсорбира миризбата од него.

3. Ставете малку сода бикарбона во пепелникот, ќе го неутрализира лошиот мирис и ќе спречи таложење на пепел врз површината.

4. Верувале или не, сода бикарбона ги елиминира непријатните мириси што се шират од чевлите, чизмите или други обувки и чорапи. Доволно е да ставите само малку во нив.

5. Неутрализирајте го мирисот од сунѓерот за капење таќа што ќе го потопите во вода во која има растворено сода бикарбона.

6. И правосмукалката ќе се „опорави“ од непријатниот мирис доколку вовлечете со неа малку сода бикарбона.

7. Сода бикарбона може да се користи и како средство против мравки и други бубачки. Расфрлете малку прав на местото каде што се појавуваат…

8. Направете ги вашите домати во бавчата поблаги така што на коренот од доматот ќе му ставите мала количина на растворена сода бикарбона.

9. Доколку сакате вашиот омлет да биде попенлив, додадете лажичка сода на три јајца.

10. Сода бикарбона може да користите и за чистење на WC – школка. Додадете чашка сода бикарбона во водата и оставете ја еден час па потоа исплакнете. Ќе ја исчисти и ќе го отстрани непријатниот мирис. А може да ја искористите и за чистење на лавабото и кадата.

11. Додадете лажичка сода бикарбона во машината за миење садови и нечистотијата полесно ќе биде отстранета.

 

СОДАТА велат е и ефикасно средство во борбата против ракот – повеќе информации на овој ЛИНК

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1