Жената чии органи откажувале имала голтнато чачкалица – Лекарите мислеле дека е мистериозна болест


Жена која имала мистериозна болест со крварење и откажување на витални органи се спасила откако и извадиле чачкалица од цревата

Докторите биле збунети и вчудоневидени откако мистериозната болест се открило дека е всушност една обична дрвена чачкалица.
За необичниот случај на 45 годишната жена која голтнала чачкалица напиша дури и престижниот медицински магазин British Medical Journal.

Жената била донесена во болницата  со тешко труење на крвта и откажување на повеќе витални органи, по што била префрлена на интензивна нега каде била во вештачка кома.
Се започнало пред неколку месеци кога жената утврдила дека нејзината здравствена состојба се влошува и станала редовен посетител на ургентниот центар на болницата. Таа во тие неколку месеци добила разни симптоми меѓу кои и мачнина, повраќање и низок крвен притисок.
По деталните испитувања на крвта било пронајдено и труењето на самата крв, а докторите почнале да шпекулираат дека се работи за нов вид на карцином.

Откако била примена на интензивната нега таа била на антибиотски третман за абдоменална инфекција, но тоа само ја влошило состојбата. Дури после неколку недели докторите сватиле дека се работи за стран предмет во телото на пациентот о веднаш била закажана операција. Требало неколку недели да поминат додека агресивната терапија да почне да дејствува и да се спаси пациентката.

Ова е само една од илјадниците случаи кои докторите ги пишуваат на BMJ Case Reports, каде се некои од најнеобичните и најбизарните медицински случаи на сите времиња.
Од БМЈ информираат дека раната дијагноза на страни предмети во телото и нивно отстранување може да спаси човечки живот.
Тие исто така напишаа, „Голтањето на чачкалица е честа појава кај крупните луѓе, при што се оштетуваат многу органи, а истата може да биде и фатална за пациентот“.

Share Button

Tags: , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1