Ќе се чудите што се може да исчистите со лимон!


Од дезинфекција на микробрановата печка до чистење на канти за ѓубре како и полирање на лажици и виљушки. Лимонот е вистински шампион кога станува збор за чистење низ дома! Еве како се може да го искористите!

Заборавете на моментот средства за чистење бидејќи во фрижидер сигурно го имате едно од најмоќните средства за чистење – лимонот!

Лимонот, кој и на храната и на коктелите може да му даде подобар вкус исто така е вистинско богатство и кога станува збор за лимонот како средство за чистење.

Што всушност има лимонот?

Поради високата концентрација на киселина, лимонот има силно антибактериски дејство. Него може да го користите и за уништување на вообичаените домашни бактерии, тврди Јулие Еделман, автор на книгата The Accidental Housewife: How to Overcome Housekeeping Hysteria One Task at a Time.

Со лимонот можете да одмастувате, да го освежувате воздухот и што ли уште не.

Дајте му сјај на металот!

Кога станува збор за месинг, бакар и хром, ниту едно хемиско средство нема да ја заврши добро својата работа како лимонот. Потопете го приборот за јадење во вода со половина лимон, оставете да отстои некое време, извадете го и добро избришете го. Доколку сакате екстра сјај, половината лимон која ја ставате во водата посолете ја со сол.

Дезинфицирајте ја микробрановата печка

Непријатниот мирис по печење или пригревање во микробрановата печка може едноставно да го отстраните. Исечете еден лимон на потенки парчиња и ставете ги во сад во кој исто така ќе турите и вода и пуштате заедно да се греат околу една минута. Лимонската киселина ќе ги убие бактериите, а мирисот ќе делува како освежувач и навлажнувач. Потоа избришете ја микробрановата со крпа.

Исчистете ја бањата

Наместо хромираните делови во бањата да ги третирате со најразлични абразивни средства, користете лимон. Сок од 5 – 6 лимони ставете го во некоја прскалка и исчистете се што ќе посакате. Лимонската киселина разградува наслаги од бигор и ги чисти нечистотиите. Покрај тоа делува и антибактериски и антисептички.

Рачно миење на садови

Доколку некогаш ви се потроши средството за миење садови тука настапува лимонот. На парчиња лимон посолете сода бикарбона и тријте! Ќе забележите како маснотиите отпаѓаат, тенџерињата и тавите ќе добијат сјај, а и вашите раце убаво ќе мирисаат.

Освежете ја и намирисајте ја облеката

Додадете само едно лажиче сок од лимон во средството за перење облека кога ќе ја ставите да се пере во машина и ќе го осигурите чувството на чистота и свежина на чорапите и на останатата облека.

Исчистете ги прозорите

Четири лажички лимон измешајте со вода и ќе добиете одлична комбинација која ќе ви помогне беспрекорно да ги исчистите прозорите. Силната лимонска киселина ја отстранува нечистотијата и трагите од вода, а прозорите ги остава блескаво чисти!

Исчистее ја штичката за сецкање

Пресечете еден лимон на половина, тријте со сок на површината од штицата и потоа оставете да отстои десетина минути да делива. Нечистотиите и различните мириси ќе бидат отстранети, но исто така и бактериите. На крај со останатата половина лимон повторно истријте ја штичката и исплакнете со вода.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1