Еве зошто богатата Каталонија сака да се отцепи од Шпанија


Каталонија е една од 17 автономни покраини на Шпанија и има околу 7,5 милиони жители. Таа остварува една петина од шпанското производство. Каталонија официјално е призната како историска нација во Каталонскиот автономен статут, усвоен во 1979 година во согласност со шпанскиот Устав од 1978 година.katalonija2

Ка­та­ло­ни­ја е ин­ду­стри­ски и еко­ном­ски цен­тар на Шпа­ни­ја, но се­па­ра­ти­стич­ко­то дви­же­ње ве­ќе со де­це­нии е во по­раст. Истражувањата на Центарот за студии на јавното мислење покажуваат дека прашањето на сецесија на листата најважни теми за Каталонците е невработеноста, незадоволството од политиката и состојбата во стопанството.

Ка­та­ло­ни­ја би­ла моќ­на су­ве­ре­на др­жа­ва со свој пар­ла­мент сè до 1162 го­ди­на, ко­га се обе­ди­ни­ла со Ара­гон. Но, обе­ди­ну­ва­ње­то со Ка­сти­ли­ја оз­на­чи­ло не­што ка­ко обрат­но пре­зе­ма­ње. Др­жа­ва­та Ка­та­ло­ни­ја офи­ци­јал­но бе­ше уки­на­та во 1714 го­ди­на; мно­гу­ми­на Ка­та­лон­ци ве­ру­ва­ат де­ка от­то­гаш нив­на­та кул­ту­ра, тра­ди­ци­ја и ја­зик по­сте­пе­но се уни­шту­ва­ат, до­стиг­ну­вај­ќи го дно­то под ди­кта­ту­ра­та на ге­не­ра­лот Фран­ко (1939-1975).atalonija nezavisnost

Цен­та­рот за ме­ѓу­на­род­ни ра­бо­ти во Бар­се­ло­на, во со­ра­бо­тка со Цен­та­рот за европ­ски по­ли­тич­ки сту­дии во Бри­сел по­твр­ду­ва: От­це­пу­ва­ње­то на Ка­та­ло­ни­ја од Шпа­ни­ја е од ко­рист за Ка­та­ло­ни­ја во си­те слу­чаи, што, во го­ле­ма ме­ра, го одра­зу­ва по­зи­тив­но­то вли­ја­ние од пре­ки­ну­ва­ње­то на фи­скал­ни­те транс­фе­ри на Ка­та­ло­ни­ја до оста­на­ти­от дел на Шпа­ни­ја.

Независна Каталонија, ќе значи губење на шпанското и европското државјанство

Жителите на Каталонија автоматски ќе го изгубат шпанското државјанство и статусот на граѓани на Европската унија, ако нивната регионална влада, што ќе биде формирана по локалните избори овој викенд, одлучи да прогласи независност, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо.

– Кога некој регион се оддели од одредена земја, тој ги губи сите бенефиции кои ги добила од припадноста кон таа земја, рече Маргаљо.katalonija3

Тој го даде примерот со Алжир, чие население го загубило француското и европското државјанство кога Алжир прогласил независност од Франција во 1962 година.

Ако Ка­та­ло­ни­ја би­де исфр­ле­на од ЕУ, таа ќе мо­ра да во­ве­де но­ва ва­лу­та; да го вра­ќа јав­ни­от долг во стран­ска ва­лу­та без при­стап до па­за­ри­те на об­врз­ни­ци; и ќе има огра­ни­чен при­стап до па­за­рот на ЕУ. Исто та­ка, не­ма да мо­же да по­ба­ра по­мош од Европ­ски­от ме­ха­ни­зам за ста­бил­ност (ЕСМ) и од Европ­ска­та цен­трал­на бан­ка (ЕЦБ).spanija katalonija

Ако Каталонија стане независна, Барса „лета“ од Примера

Законот за спорт е многу јасен. Доколку Каталонија стане независна и се одвои од Шпанија, нешто што го ветија националистите доколку победат на изборите, тогаш Примера ќе остане без каталонските клубови.

Каталонските клубови нема да можат да играат во Примера, доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, согласни се првиот човек на шпанската лига Хавиер Тебас и првиот човек на шпанскиот спортски совет Мигел Карденал.katalonija4

Од друга страна, каталонските политички лидери ветија дека ќе прогласат независност во рок од 18 месеци, доколку ги добијат изборите закажани за 27 септември. Според анкетите тие имаат добри шанси за освојување на мнозинството, а доколку тоа им успее и прогласат независност, тогаш Барселона „лета“ од Примера, како и Еспањол.

Се разбира, истото ќе значи за сите спортови, не само за фудбалот.

-Законот за спорт е многу јасен. Доколку Каталонија се отцепи, нешто што го ветија  националистите доколку победат на изборите, Примера ќе остане без каталонските клубови, изјави претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас, кој притоа додал дека според негово мислење тоа нема да се случи и дека Каталонија ќе остане дел од Шпанија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1