ЌЕ ИМА ЛИ НОВА ДРЖАВА: Каталонија гласа ЗА или ПРОТИВ отцепување од Шпанија


Каталонците денеска гласаат на референдум на кој се одлучува дали овој регион ќе стане независна држава или ќе остане во Шпанија. Последните истражувања на јавното мислење покажаа блага предност на движењето за независност на Каталонија. Официјален Мадрид соопшти дека евентуаланта одлука на рефередумот за независност ќе ја оспори пред Уставниот суд.

atalonija nezavisnost

Во североисточната шпанска покраина Каталонија денеска се одржуваат регионални избори. Националистичките партии се надеваат дека со овие избори ќе го трасираат патот кон независност односно одвојување од Шпанија. Двете најголеми сепаратистички партии креираа заедничка листа на кандидати за пратеници надевајќи се дека така ќе го обезбедат мнозинството од 135 пратенички позиции во регионалното Собрание. Претставниците на двете партии сметаат дека таквиот резултат ќе им овозможи да прогласат независноста во рок од 18 месеци.

Анкетите покажуваат дека мнозинство Каталонци сакаат да биде организиран референдум за прашањето за независност, но се поделени околу тоа дали сакаат целосно да се отцепат.

Шпанската централно-десничарска влада на Маријано Рахој се противи на обидите да се одржи референдум за отцепување на Каталонија, па затоа плановите на двете сепаратистички партии за независност ги нарече „бесмислици.“

Широката коалиција од левичарски и десничарски партии, кои го поддржуваат отцепување од Шпанија, изборите ги оценуваат како фактички гласање за независност. Владата во Мадрид вели дека дефинитивно ќе се спротивстави на секакво грабнување на власта од Барселона.

Изборите, на кои се очекува да гласаат до 5,4 милиони луѓе, немаат уставна сила да воспостават самоуправа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1