Страшна сообраќајка: Загинаа тројца вработени во српската безбедносна агенција ВИДЕО


Три лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Србија, кај Крушевац. Пожарникарите морале да го сечат автомобилот за да ги извадат телата.soob-srb2

Во несреќата, како што пишуваат српските медиуми загинале Г.Ј. (42), Д.С. (41) и Д.М. (45), додека со тешки повреди се здобила 34 годишната Ј.И. која била пренесена во Ургентниот центар во Белград.

Несреќата се случила кога автомобилот „Фиат“, во кој се наоѓале загинатите и повредената, претекнувал, по што директно се судрил со камион.

Српските медиуми пишуваат дека тројцата загинати биле вработени во Безбедносната информативна агенција (БИА) на Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1