Во Македонија има дел од крстот на кој е распнат Исус – Манастир го чува веќе 179 години


Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.

isusraspnatСпоред преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.

Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и  тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.

Кралицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.Rajcica1

Познатиот дебарски манастир „Свети Георгиј Победоносец“, кој се наоѓа во селото Рајчица, денеска го прославува големиот православен празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов, а кој народот традиционaлно го нарекува Крстовден.

Во овој манастир 179 години се чува дел од крстот на кој е распнат Исус Христос

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1