Поранешен новинар од јавниот сервис ги кодошел колегите во периодот од 1993 и 1996, преку изнесување на нивните политички ставови-вака одлучи Комисијата за верификација на фактите. Новинарката Јадранка Костова е меѓу четирите лустрирани
Претседателот Томе Аџиев вели дека соработката на новинарот со службеното лице на Државна безбедност било во време кога тој бил службено лице, а потоа продолжила и кога станал директор.
„Се обиделе да стапат во контакт со одредено лице, кое било секретар на Иван Михајлов во Рим, па под изговор дека ќе се прави интервју со секретарката, заедно со директорот на Државна безбедност отишле во Рим, да го внесе во обработката на тоа лице“, изјави претседателот Аџиев.
Досието на Костова кое денеска го објави Комисијата за верификација на фактите прочитајте го тука