Пред Велигден зачестени контроли за квалитетот на јајцата


Пред христијанскиот празник Велигден, зачестени се контролите на јајцата кои се продаваат на пазарите и маркетите.

Како што соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство најмногу се проверува рокот на употреба, класификацијата, како се чуваат, транспортираат и слично.crveno-jajce

“Засилени  се  контролите  за  овој  прехранбен производ,  чија  побарувачка  од  граѓаните  во  овој  временски  период  е зголемена. Со  цел  спречување  на  продажба  на  небезбедни  производи  на  пазарот,  се  вршат засилени  инспекциски  контроли  на  пазарите,  во  поголемите  маркети,  како  и  во локалните  продавници  каде  се  продаваат  јајца,  во  поглед  на  потеклото  на  јајцата, односно дали истите потекнуваат од одобрени фарми или собирни центри. Редовно се контролира и увозот на овој прехранбен производ“ – вели Велика Атанасова, портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ апелираат  до  граѓаните  јајца  да  купуваат  исклучиво  од  одобрени производители и увозници, а  секоја  недоследност  во  поглед  на  безбедноста можат да ја пријават  во  Агенцијата,  лично или телефонски  на  бесплатниот број  0800  3  22 22 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1