Кога времето е дождливо, зевањето е вообичаена појава, подеднакво и кај младите и кај постарите. Се појавува чувство на умот, меланхолија, па дури и депресија, Потребате за долго лежење во кревет е најизразена кога времето е облачно, па на многумина им се причинува дека тогаш спијат многу поквалитетно од останатите денови.
Сепак, научниците тврдат дека сонот е најквалитетен кога небото е ведро. Истражувачите од Универзитетот во Рочестер, направиле истражување во кое учествувале 43 испитаници, кои имале задача да водат „дневник на спиење“ во период од 105 дена.
Кога ги споредиле резултатите со евиденцијата која ги покажува временските прилики, востановено е дека сите учесници спиеле многу подобро и подолго кога небото било ведро.
Ова подразбира дека нема оправдување за „легачење“ кога времето е облачно, но за утеха е тоа што тогаш сите се чувствуваат тромо и незаинтересирано.
Лошото расположение предизвикано од лошото време е вообичаено, а за тоа постои медицински назив: сезонска депресија.