Големо поевтинување на цените во македонските кафеани и ресторани?


Членовите на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија бараат од државата и стимулации кои ќе помогнат во новите инверстирања и во модернизацијата на постоечките капацитети.
Овие барања се резултат на подолготрајно анализирање на состојбите, кое покажало дека е неопходно покренување серија мерки за финансиско растоварување на секторот. Освен високиот ДДВ кој ја оптоварува цената на храната што се служи во хотелите и рестораните, угостителите посочуваат и низа други проблеми кои го попречуваат развојот на бизнисот.hrana kelnerka
Понизок ДДВ на храната во рестораните и хотелите ќе значи и помали сметки за гостите. Ако се има предвид дека Владата редовно и излегува во пресрет на бизнис заедницата, постојат шанси овој предлог да биде прифатен што ќе резултира со значително поевтинување, кое може да дојде добро особено во екот на туристичката сезона.
Според Здружението, проблем е и ограничувањето на работното време на угостителските објекти во рурални средини, законот за пушење, високите давачки кон ЗАМП и други. Бизнисмените инволвирани во хотелско-угостителскиот сектор сметаат и дека треба да се иницираат измени и на Законот за угостителската дејност.
Во рамките на коморското Здружение формирани се работни групи кои во следниот период ќе треба преку аналитички пристап да изработат предлог-иницијативи за менување или носење решенија со кои ќе се обезбеди подобар бизнис-амбиент во секторот.  Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) цените во угостителството постојано се зголемуваат. Најголем раст е регистриран минатиот месец, кога кај угостителските услуги имало месечен раст на цените за 0,3 отсто и годишен за половина процент. Во март поскапела храната, со исклучок на слатките, алкохолните и безалкохолните пијалаци, додека пак за 0,1 процент поевтиниле ноќевањата.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1