Еве зошто се степале синовите на Штерјо Наков и Ружди Омерагиќ среде судницата


Меѓуградската автобуска станица во Скопје и сопственоста околу неа била главна причина за тепачката која вчера изби во скопскиот суд помеѓу синовите на Штерјо Наков од Фершпед и Ружди Омераѓиќ, сопственик на Руле Турс, јавува Либертас.Osnoven-Sud-Skopje-II-Skopje

Според информациите на порталот, караницата избила откако поранешните бизнис партнери решиле на суд да решат, кој од нив колку поседува од меѓуградската станица. Според првичниот договор, Штерјо Нaков требало да поседува 40% од уделот, додека Ружди и сопругата на Наков да бидат сопственици на по 30% од автобуската.

Бидејќи двата сина во меѓувреме го превземале бизнисот на својот татко и тие се нашле на суд. Нивната нетрпеливост ескалирала. Руле Турс не ги признавал оние 30% на сопругата на Наков бидјеќи според него, сите пари не биле исплатени.

Синот на Штрејо Наков Драган и синот на Руле Турс, Масар Омерагиќ започнале тепачка во која брзо се вклучиле и татковците. Сепак, најдебелиот крај го извлекол помладиот Наков. Каратистот Масар добро го истепал по што Драган завршил во болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1