ЕВН безмилосна – исклучени 52.000 корисници


ЕВН безмилосна – исклучено секое 15 броило во Македонија. Нема пари нема струја, ЕВН е приватна компанија и си ги наплаќа долговите – ниту простува, ниту ја интересира дали имате или немате.

Само во мај поради долг биле исклучени 52.000 корисници. Се изклууваат сите кој не си платиле навреме, а онаму каде се наидува на отпор при исклучувањата обезбедена е интервенција од полицијата.

Дел ја должниците искористиле кампањата на ЕВН “Избриши го долгот“ и потпишале спогодби за плаќање на рати. Ако потпишете овој месец имате можност да го платите долгот на 6 рати, во јули на 4, а во август само на 2 рати. Бизнис корисниците овој месец можат да потпишат спогодба за плаќање на долгот на 4 рати, а во јули на 2.

Сепак дел од исклучените нашле друг начин – се приклучиле на диво.  Но и за нив ЕВН има лек – заработуваат и големи казни и кривични пријави.

За да ги натера корисниците да си платат ЕВН дури и ја брисе каматата. Имено  оние кои ќе го платат долгот во целост им се бришат сите камати за задоцнето плаќање како и судските, нотарските и трошоците за извршителите. Воедно се запира и целата судска постапка.

Исклучувањето ќе продолжи цело лето.

Tags: , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1