Европа во страв, ерупцијата на исландскиот вулкан започна?!


Властите на Исланд го кренале нивото на предупредување во воздушниот сообраќај на највисоко, црвено ниво, поради активноста на вулканот Бардарбунг, што значи дека до ерупција би можело да дојде наскоро или пак истата е во тек.

Вулканот минатата седмица го потресле повеќе од 1.000 мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул, а по вчерашното затишје, активноста денес продолжила.iceland-vulkan-erupcija-02
Екипа од научници планира да го надлета глечерот за да открие евентуална промена на неговата површина, пренесува AP.

На почетокот на седмицата, властите поради претпазливост евакуирале неколку стотици луѓе од висорамнината северно од Ватнајакул. Таа област е ненаселена, но е омилена за излети.

Според проценките на сеизмолозите, магмата се движи под глечерот, но засега хоризонтално, на длабочина од 5 до 10 километри.

До ерупцијата на вулканот ќе дојде доколку магмата се крене и го стопи мразот кој ја покрива.

Исландскиот вулкан Ејафјадлајкидл, во 2010. година исфрлил облак од пепел, кој предизвикал хаос во воздушниот сообраќај, а најмалку 100.000 летови биле откажани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1