Со години одела во солариум – се додека не доживеала драма (Вознемирувачко фото)


Британката Џоан Ирвинг (32) стјуардеса од Блекпул, почнала интензивно да оди на солариуми кога имала само 14 години, и ги користела пет пати неделно.

ad_143481832Кога останала бремена, продолжила со оваа пракса, бидејќи во меѓувреме развила „тенорексија“ – зависнот од солариуми.

Пред четири години првпат збаележала некаква белузлава маса на  својот нос, но решила да не ѝ обрнува големо внимание. Тоа траело со години, а потоа тоа место почнало да и крвари и не можело да зарасне. И покрај таквиот развој на раната Џоан чекала уште седум месеци за да отиде на доктор .

– Се уште би ја игнорирала таа рана на лицето да не беше моето момче кое ме молеше да се посоветувам со медицинско лице – вели Џоан.

Кога отишла на доктор таму ѝ рекле дека не би требало да се работи за нешто опасно, и само да следи како ќе се развива тоа ткиво на нејзиното лице и да се јави на преглед ако има нови промени.

– Бидејќи не беше панично сметав дека немам причина за грижа – изјавила стјуардесата за британските медиуми. Неколку месеци подоцна сепак решила да побара и друго мислење, а тој доктор веднаш иѝ утврдил дека има рак на кожата.

files.php

Џоан итно  била оперирана а дел од кожата кој и бил отстране од носот и бил заменет со кожа од нејзините уши. Денес таа е комплетно здрава и како што вели не гледа на ракот како на трагдеија, туку како на повик за будење.

– Пријателите постојано ми се смееа и во шега велеа дека боледувам од тенорексија бидејќи со години не сум ја видела својата природна боја на кожата. Јас бев убедена дека само се љубоморни на мојот тен. Кога денес ќе ги погледнам своите стари фотографии гледам дека сум изгледала ужасно и веќе никогаш нема да ми падне на памет да одам во солариум – заклучила на крај Џоан.

Плус Инфо

tanorexic1

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1