Европската централна банка ја спаси Грција од банкрот!?!


Европската централна банка (ЕЦБ) привремено ја спаси  Грција од банкрот со тоа што и  дозволи дополнителни, итни кредити на грчката Централна банка, пренесува германскиот весник “Ди Велт”.

Советот на гувернерите на ЕЦБ ја донел оваа одлука на состанокот во четвртокот,  а оваа одлука, ќе и овозможи на официјална овозможи на Атина да обезбеди финансиски опстанок до септември, пишува весникот.

Благодарение на овој чекор грчката влада ќе добие  4 милијарди евра дополнителни пари, и е во очекување, тројката кредитори – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската унија (ЕУ), да одлучат дали ќе и обезбедат на Грција нова транша од помошта во септември, во висина од 31,3 милијарди евра.

Досега Грчката централна банка можеше да прима државни обврзници само до 3 милијарди евра, но ЕЦБ одлучи да и го исполни барањето и да ја зголеми оваа сума на 7 милијарди евра, објаснува “Ди Велт”.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1