Европските банки најмалку вредат


Што е банката повеќе европска, вреди помалку, изјави шефот на Ерсте групацијата Андреас Трејхл.

“Банките, чии главни седишта им се во Европа денес имаат големи проблеми”, изјави Трејхл на Европскиот форум Алпбах, додавајќи дека во денешно време постојат многу банки кои имаат вредност дури и помалку од колку што треба според книгите.

тој вели дека должничката криза негативно ќе влијае на девизниот курс на банките во Европа, но според него Ерсте нема да ги промени своите деловни активности во Европа, вклучувајќи ги земјите од Источна Европа.

Трејхл изјави дека веќе е повеќе од јасно дека има јасна врска меѓу европеизацијата на банката и нејзините вредности, но истовремено никој не сака нивната ре-национализација. Сите банки, истакна тој, имаат многу работа за да ја вратат довербата.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1