Сијалиците со кои се штеди енергија се канцерогени?


Светилките со кои се заштедува електрична енергија, кои до крајот на следната година целосно ќе ги заменат класичните сијалици со блескаво влакно во ЕУ, се потенцијално канцерогени, сметаат научници од истражувачката лабораторија Алаб, лоцирана во Берлин.

Германските научници тврдат дека долготрајното изложување на овие соединенија, би можело да биде фатално за човековото здравје.
Според нивното истражување, додека светилките се уклучени, тие испуштаат штетни и токсични, односно канцерогени супстанции, а во случај на подолга изложеност можат да бидат и фатални.

Берлинските експерти предупредуваат, дека овие сијалици треба да се запалени, во што е можно пократок период, а да се наоѓаат во “изолирани“ делови на просторијата, што подалеку од главата.
Британската влада за Daily Mail изјави дека штедливите сијалици се сосема безбедни.

Француската комисија за безбедност на потрошувачите комисија, јавно ги предупреди корисниците, дека  овие светилки емитуваат електромагнетни бранови.
Швајцарското Министерството за здравство, исто така упати апел до своите граѓани да внимаваат на овие сијалици, и да  имаат во обзир, дека доколку ги употребуваат овие светилки, треба да се одалечени минимум  30 сантиметри од нив.

Со европската одредбата, донесена во март 2009 година, се повлекоа од употреба нештедливите светилки. Повлекувањето започна со класичните сијалици со јачина од 100 вати или појаки, веднаш по донесување на одредбата.
Светилките од 75 вати почнаа да “исчезнуваат“ од пазарите на 01.09.2010 година, оние од 60 вати беа повлечени година дена подоцна, а заклучно со август годинава, на ред стигнаа и оние од 40 вати, како и најслабите сијалици од 25 вати.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1