Фабрицио препеал песна од Тоше и се фалел како да е негова !!!


Откако порталот „Скандал“ ја објави веста за ,,кражбата,, на песната на Тоше „The hardest thing,, од страна на Фабрицио Фаниело, кој е ѕвезда во Малта, неговата фејсбук страница е преплавена од негативни коментари од македонци и фанови на Тоше.

Фабрицио ги добил правата да ја препее песната, но она што ги иритира сите фанови на Тоше е што никаде не споменува чива е таа песна оргинално, напротив ја преставувал како своја.

Пејачот изјавил дека Гери Барлоу од „Тејк дет“  песната ја напишал за него. Снимил спот кој го промовирал на големи ѕвона на малтешката национална телевизија, песната ја промовирал и во Германија, на како што вели најважниот музички канал, а се најде и во топ 10 песни на неколку листи. На својот фејсбук профил напишал дека  песната е 1 место на Eurovision Top 20 charts.

Точно е дека овој пејач ги има правата да ја препее песната, но исто така професионално е да наведе чив е оргиналот и на тој начин да му одадде заслуга и на оргиналниот пејач – ТОШЕ. Фабрицио во целата своја капмања за песната никаде не споменал дека песната е препев ниту пак го споменал Тоше – што ги револтираше фановите од Балканот.

Како што пишува Хит портал пејачот бил и многу суетен па коментарите против него, на почетокот ги бришел од неговата официјална фејсбук страница. Но откако бил бомбардиран сепак си кажа и јавно дека песната е на Тоше.

Фабрицио на неговиот фејсбук профил ја реобјави песната – во негова изведба, а горе напишал

,, Хеј изгледа има многу луѓе на кои не им се допаѓа што ја снимивме THE HARDEST THING од Тоше Проески и мислат дека јас сум ја украл од него. ….

Па би требало да знаете дека ние бевме замолени од издавачот да направиме нова верзија која многу им се допадна. Оваа песна оргинално беше снимена од Тоше, а напишана од Wayne Hector, Elliot Kennedy & Gary Barlow , издадена од Sony / ATV Publishing, и ќе остане вечно во вашите и во нашите сеќавања! Но бидејќи музиката постои, нормално е и други пејачи да ја снимат. Најдобар пример е песната YESTERDAY од THE BEATLES, која е препеана од различни артисти повеќе од 3.000 пати. И чест е за авторите и изведувачите на таа песна.

Така да гледајте на тоа вака – “The Hardest Thing” и Тоше не се оштетени кога и некој друг ќе ја изведе оваа песна, чест ми е и тие ќе живеат вечно во нашите срца!!! Дали грешам?? Дискутирајте тука но ве молам пристојно и покажете респект.,,

Со овој пост сепак покажа малку почит. MKnews.MK се придружува на повикот на останатите наши портали да се бара од Фабрицио да му оддаде достојна почит на Тоше како оргинален изведувач на оваа песна – Доколку коментирате на неговата страница, никако со навреди и плукање – Одржете го споменот на ТОШЕ достојно. Барајте од Фабрицио да истакне чива е оргиналната песна и под неговата верзија на youtube, или едноставно само постирајте го оргиналот на Тоше.

Ова е фејсбук страната на Фабрицио, а подолу и двете верзии на песната.. оргиналот од Тоше и препевот од Фабрицио. https://www.facebook.com/fabriziofanielloofficial

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1