„Facebook“ призна – има повеќе од 83 милиони „лажни“ корисници


„Facebook“ соопшти дека оваа социјална мрежа, најверојатно има повеќе од 83 милиони лажни корисници. Според извештајот на компанијата, 8,7 проценти од 955 –те милиони профили на активни корисници во светот се „лажни“.

Лажните корисници компанијата ги дели во три групи.

Првите имаат обично по два профила и тука спаѓаат 4,8 отсто од корисниците. Во втората група, или 2,4 отсто од корисниците се оние кои сами се рекламираат, пропагираат и креираат секакви групи, а во последната група која опфаќа 1,5 проценти од корисниците припаѓаат „непожелните“.

Минатата недела,  фирмата за дигитална дистрибуција Limited Press, базирано на нејзините анализи, потврди дека дури 80 отсто од кликовите „like“ доаѓаат токму од т.н лажни профили.

Статистиката која ја спровела компанијата, покажува дека најмногу „лајкови“ за лажни профили на компании потекнуваат од Блискиот Исток и од Азија.

Од „Facebook“ велат дека ваквите лажни профили можат да му наштетат на бизнисот,а компанијата може да загуби многу клиенти кои се рекламираат на оваа мрежа .

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1