Фалс бугарски детергенти и албанско вино ја трујат Македонија


Десет илјади литри течен детергент, гелови за туширање, вино, цигари, автоделови, играчки и илјадници други фалсификувани производи за домаќинството, вредни милион американски долари, биле отстранети од балканскиот пазар во серија интервенции на специјалните истражни тимови на Интерпол, во периодот на новогодишните празници, пишува Нова Македонија.

Operation-White-Mercury-4 – Операцијата „Бела жива“ се одвиваше на териториите на Македонија, Албанија, Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора и на Бугарија и со неа беше идентификувана и растурена мрежа на илегална дистрибуција на фалсификувани стоки од заштитени марки, вредна милион долари. Во исто време беа уништени и фабриките за производство на лажните производи во Грција, Чешка Албанија и во Бугарија – велат во централата на Интерпол во Лион.

Според нивните податоци, во бугарскиот град Пловдив била уништена фабрика за производство на фалсификувани средства за чистење во домаќинствата на реномирани производители.
Новина во илегалното производство е наоѓање и целосно уништување индустриска линија што полнела вино во амбалажа на познати вински марки. Лажната винарница се наоѓала во Албанија. Надлежните, во интерес на истрагата, сѐ уште не соопштуваат за кои фалсификувани истраги станува збор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1