Нема возови Скопје -Велес денеска – патниците ќе се возат со автобус


нема да сообраќаат возовите од Скопје кон Велес и обратно, од Велес кон Скопје, соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје. Причина за прекин на сообраќајот, велат од претпријатието, се техничко-технолошки потреби.

vozНа патниците кои ќе ги користат услугите на возовите 613 (Скопје – Гевгелија), 643 (Скопје – Битола), 651 (Скопје – Кочани) ќе им се обезбеди трансфер со автобус од Скопје (Транспортен центар) до Велес откаде ќе го продолжат патувањето со воз.

Во исто време корисниците на услугите од возовите 650 (Кочани – Скопје), 632 (Гевгелија – Скопје) и 642 (Битола – Скопје) со автобуси ќе бидат префрлени од Железничка станица Велес до Скопје.

На 4 јануари воопшто нема да сообраќа возот 2083 и 2082 кој вози на релацијата Скопје – Велес – Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1