Слики на фалсификувана лименка на пивото „скопско“ деновиве кружат на социјалната мрежа „Фејсбук“. Според информациите кои можат да се прочитаат покрај сликата на лименката, таа е произведена во Кина, а сликана во Малезија. На неа јасно се читаат кириличните букви, со кои е напишано дека е произведена во пиварница во Скопје. Називот е изменет и наместо „скопско“ пишува „скооскк“. Инаку, лименката има и малку изменета боја од оригиналот, но многу потсетува на изгледот на една од постарите лименки во кои се пакуваше нашиот најпознат пивски бренд. Во скопската пиварница немаа никаков коментар на сликата со фалсификатот на нивниот производ.
Utrinski