Фараонот Рамзес 3 бил убиен – му го пресекле грлото


Сите досегашни тврдења како бил убиен фараонот Рамзес 3 паѓаат во вода со најновите податоци објавени деновиве. Антрополозите тврдат дека Рамзес Трети бил убиен така што му било пресечено грлото.

faraon ramzes 3Се знаеше дека фараонот бил предмет на завера, но немаше информации дали таа успеала. Во документи најдени од археолозите пишувале дека водач на заверата била една од неговите 2 жени и синот кој го наследил.

Со последните истражувања се потврдува дека големиот фараон е убиен. До наодите се дошло со скенирањето на неговата мумија, тој имал неколку слоеви на завој на вратот. Под нив длабока рана во која имало коњско око. Археолозите веруваат дека тоа е ставено за да се забрза лекувањето во задгробниот живот.

– Нашата КТ анализа покажа дека убијците на Рамезес Трети му го пресекле неговото грло, со оваа рана и според нејзината длабочина фараонот умрел на лице место – тврдат истражувачите во својата статија овјавена во британски „Журнал“.

Рамзес III,  познат како „големиот бог“, владеел меѓу 1187. и 1156. п.н.е. По неговата смрт на владетелското место дојде вториот син, кого тој го именуваше за наследник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1