Швајцарската фамацевска компанија Роше, која е најголем производител на лекови за рак, е под истрага дека наводно неправилно го пријавиле профилот на илјадници свои лекови кои можат да има несакани ефекти кон човековото здравје.
Со седиште во Лондон, Европската агенција за лекови (ЕМА), започна прекршочна постапка против оваа фармацевска компанија.
Доколку истата биде прогласена за виновна, компанијата може да биде казнета со парична казна до 5% од нивниот годишен приход. Во 2011 година истиот бил проценет на 12,8 билиони долари.
Во рутинска инспекција на британски истражувачи, е откриено дека компанијата не успеала докрај да ги согледаат несаканите ефекти на 80,000 свои производи. Реакцијата на ваквата несериозна постапка на компанијата, допринела да 15,000 луѓе го загубат својот живот.
Најновата истрага, сепак, е дали фармацевската компанија го усогласила своето производство со законските обврски. Ова е прв пат да Европски регулатор да започне ваква истрага, откако законодавството било донесено пред пет години.