Свадби за ГИНИС – Младенци рекордери (Фото)


Многумина мислат дека венчавката е најважниот ден во животот и тој ден мора да е посебен и не доаѓа во предвид штедење. Некои од нив малку и претерале. Еве кои се венчавки за Гинис и по што.

 

Најпопуларна венчавка

Кога Mark Zakerberg на својот профил на фејсбук ја извести планетата дека се венчал со својата долгогодишна девојка Присила Чан неговиот статус беше бомбардиран од коментари и лајкови. сите побрзаа да му ја честитаат свадбата. статусот дека е во брак доби неверојатни 1.045.272 лајкови.

Најскапа свадба на животни

Свадбата меѓу кучето Čili Pasternak i Bejbi Houp Dajmond чинело неверојатни 270.000 американски долари. За многумина толку пари за свадба на кучиња било вистинска лудост.

Но за богатите сопственици на зетот и невестата тоа било ден за паметење кога нивните миленичиња се ,,заколнале,, или ,, залајале,, на заеднички живот.

Најголемо подводно венчавање

Eva Staronska и Pavel Burkoski од Полска сакале да имаат необична свадба за паметење.

обајцата биле вљубеници во подводниот свет и затоа одлуката паднала своите  брачни завети да ги разменат под вода. Но младенците не сакале да бидат сами па друштво под вода им праеле ни помалку ни повеќе туку 303 нуркачи

Најмногу деверуши

Танчерката Џил Стејпклетон на својата венчавка ангажирала дури 110 свои колешки кои глумеле деверуши.

За сите биле сошиени фустани во омилената боја на невестата и имале букети. Не се знае колку пари Џил фрлила за да ја има оваа фотографија со 110 деверуши зад себе.

Најчесто обновување на брачните завети

Lorin Lubek Bler i Dejvid Hju сериозно си сватиле дека обновувањето на брачните завети ја зацврстува љубовта.Овој брачен пар не бил мрзелив и секоја година на датумот на нивната венчавка ги обновувале заветите за љубов. Тоа го сториле досега дури 101 пат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1