СВР-Скопје, со кривична пријава го предаде Д.Н. (26) од Битола поради основано сомнение дека со намера противправно да присвои туѓ подвижен предмет и за себе да прибави противправна имотна корист на 19.08. годинава извршил кривично дело.
Како што соопшти полицијата Д.Н. летово, околу 22.15 часот, на ул, „Васил Ѓоргов” во Скопје, влегол во станот на Дејан Давидковски (46), а кога бил фатен на дело од газдата му се заканил со сигнален пиштол и нож,.
Разбојништвото во обид Д.Н. го извршил на тој начин што откако влегол во претсобјето на станот на оштетениот преку незаклучената врата, кога бил затекнат од сопственикот, извадил сигнален пиштол марка “Екол специјал 99” кал. 9мм, и со закана по животот му наредил да клекне за да може да го заврзе со пластична стега која што ја донел со себе.
Откако Д.Д. не ја послушал наредбата, пријавениот со пиштолот испукал два пати, по што оштетениот откако ја сфатил сериозната намера на Д.Н. пружил отпор, му го отфрлил сигналниот пиштол, но Д.Н. извадил нож и му задал четири убодни рани во телото и без да земе нешто го напуштил станот и зградата оддалечувајќи се во непознат правец.
КОЈ ГО ИЗБОДЕ ЕКС ПРЕЗЕНТЕРОТ НА МТВ ВО НЕГОВИОТ СТАН – КРАДЕЦ ИЛИ УБИЕЦ?
КАМЕРИТЕ ГО СНИМИЛЕ НАПАЃАЧОТ НА НОВИНАРОТ ДАВИДОВСКИ?
Од здобиените повреди оштетениот паднал во претсобјето и барал помош, по што станарите од зградата му помогнале, повикале Итна помош и истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде што по оперативната санација на здобиените убодни рани, истиот бил задржан на интензивно лекување и опсервација во КАРИЛ, а оттаму бил пренесен на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија.
Со наредба Основен Суд Скопје 1 од одговорното лице на куќен совет во зградата на ул.„Васил Ѓоргов” бр.30 подигнато е едно ЦД од снимен видеозапис од 19.08.2012 година во времето од 22 до 22.30 часот од влезот на зградата, каде јасно се гледа Д.Н. како влегува во зградата во критичното време и како трчајќи излегува.
Од извршените проверки утврдено е дека пријавениот сигналниот пиштол го купил на 13.08.
За извршеното разбојништво во обид од страна на единица за истрага на местото на настанот и вештачење бил извршен увид и се подигнати две испукани чаури, една пластична стега и други траги кои се предадени за вештачење.
Со оштетениот е направено непосредно класично препознавање на лица во Полициската станица Кисела Вода, при што истиот со сигурност го препознал Д.Н. како лицето кое е сторител на наведеното кривично дело.