Камерите го снимиле напаѓачот на новинарот Давидовски?


Според информацијата на очевидци, станари во зградата каде беше нападнат екс презентерот на МТВ Деан Давидовски, безбедносните камери успеале да го снимат напаѓачот.

На социјалните мрежи се појави оваа фотографија за која се тврди дека е снимена од безбедносните камери во зградата, а на која е снимен можниот напаѓач на новинарот.

Давидовски се наоѓа на интезивната клиника, во стабилна состојба е и не е во животна опасност.

Полицијата трага по напаѓачот како и по мотивите. Не се знае сеуште дали се работело за обид за кражба или пак нешто друго. Со оглед на фактот дека во домот на Деан не недостасувало ништо.

Според информации на MKnews.MK vо неделата околу 22:20 часот Деан се враќал дома. Живее во стан во обезбедена зграда во Капиштец во близина на агенцијата за вработување.

Напаѓачот го следел. Деан стасал до влезот на зградата во која за да влезеш мора да се отчука шифра. Деан ја отчукал шифрата и ја отворил вратата а напаѓачот влегол по него. Заедно влегле и во лифтот. Се симнале на истот кат и Деан си влегол дома, но не ја заклучил вратата. Напаѓачот го искористил тоа и слободно си влегол. Напаѓачот користел и пиштол плашливец. Настанала физичка борба по што напаѓачот со нож го избодел Деан 6 пати во пределот на стомакот. Испукал и два куршуми во воздух од пиштол за да го заплаши Деан, по што веднаш избегал од местото – од станот не недостасува ништо.

Соседите го чуле викањето и кршењето, зградата во која живее Деан има и видео надзор.  МВР работи на расчистување на случајот.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1