43 годишен скопјанец е осомничен за силувањето на 16 годишно девојче што се случи кон крајот на минатиот месец зад ТЦ „Олимпико”.
Како што соопшти полицијата, кривична пријава за силување е поднесена против С.К., кој за време на распитот во полиција го признал и опишал делото.
Настанот се случил на 20 декември минатата година, кога С.К. од зад грб и пришол на малолетничката, а потоа удирајќи ја по главата и држејќи и ја устата затворена со раката, го извршил силувањето.
По извршеното кривично дело пријавениот и го одземал мобилниот телефон на малолетничката и заминал оставајќи ја оштетената. Веднаш по ова, откако малолетничката пристигнала дома случајот е пријавен во полиција од страна на нејзиниот татко.
На вештачење е даден соодветен ДНА профил од НН машко лице кој е предаден во Одделението за криминалистичка техника при МВР на РМ за споредба со базата на профили – податоци.
Инаку пријавениот С.К. во крим-евиденциите на СВР Скопје минува за сторени повеќе кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“.