Курдските вооружени сили во северен Ирак уапсиле 45 членови на терористичката организација ИСИС, кои дошле со бегалците од југ од Киркук, пренесува агенција Анадолу (АА).
Ирачките сили соопштија дека во акцијата против ИСИС спасиле илјада бегалци и ги згрижиле на северниот слободен дел од регионот.
При регистрација на бегалците тие откриле 45 припадници на организацијата ИСИС кои лажно се декларирале како бегалци. По препознавањето тие ги облекле во портокалови комбилизони и ги извеле пред новинарите.
Комбилизоните потсетуваат на они кои ИСИС ги користи за своите заробеници.