Фатени на дело: Три ученички од Лондон побегнале во Сирија (Видео)


Британската полиција вчера упатила апел со цел да се пронајдат три средношколки од Лондон, за кои се верува дека се на пат кон Сирија, откако на почетокот на седмицата отпатувале за Турција.devojki-sirija-london-01

Три пријателки, две на возраст од 15 и една на возраст од 16 години, ги напуштиле своите домови во источниот дел на Лондон на 17 февруари, и од аеродромот „Гетвик“ отпатувале за Турција, а ниедна од нив претходно не ги известила родителите.

Полицијата соопштила дека соработува со турските власти во обид да се пронајдат девојчињата и да се вратат дома.

– Веруваме дека тие сè уште се во Турција и затоа праќаме апел – рекол Ричард Волтон од командата на лондонската полиција за борба против тероризам.Screenshot_22

Две девојчиња биле идентификувани како британските државјанки Шамима Бегум и Кадиза Султан, а оделе во истото училиште „Бетнал Грим“.

Според проценките на службите за безбедност, околу 600 британски муслимани заминале во Сирија да се борат на страната на исламистите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1