Фазлиу не ја запалил Пошта ама имал две канти моторно масло во канцеларија


На рочиште од судењето на Арменд Фазлиу, шеф на кабинетот на директорот на Македонски пошти, обвинет за пожарот во главната поштенска зграда во јануари минатата година, тврдел дека е невин.

posta-Не бев во зградата кога се случи пожарот, она што е наведено во обвинението не е вистина, изјавил Арменд Фазлиу од чија канцеларија, според обвинението започнал пожарот.

Вештачењето покажало дека пожарот бил предизвикан од зажарено тело, односно отпушок од цигара и почнал, според МВР околу 16.30 часот, додека обвинетиот Фазлиу тврдеше дека тој уште пред 16 часот критичниот ден заминал од таму.

Пред судиите наведе дека причина за пожарот била неисправна електрична инсталација.

Сомнително е што во неговата канцеларија имало и две канти со 25 литри моторно масло кои рече, ги чувале таму оти немале соодветен магацин. Биле мостри бидејќи во тој период Македонски пошти имале тендерска постапка за јавни набавки за компанијата.

Според истрагата освен обезбедувањето, во зградата на поштата по 16 часот се наоѓал само директорот Рафиз Алити. Тој тврдеше дека чекал да воспостави конференциска врска со Владата и кога избувнал пожарот се обидел да го изгасне, а зградата ја напуштил откако се осигурал дека сите вработени се евакуирани.

Судскиот процес продолжува и треба да утврди што го предизвика пожарот при што освен што беше оштетена зградата изгоре и муралот на сликарот Борко Лазески чија вредност треба дополнително да се утврди.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1