Искуството и научните податоци ни говорат дека човекот всушност најголемата среќа ја доживува при позитивните друштвени интеракции и односи.
“Нашиот мозок хемиски се надградува кога сме во можност да разговараме и да ги споделиме со другите наши ставови, приоритети и цели.. Нашио мозок исто така се надградува ако сме во целост прифатени онакви какви што сме”, – објаснува Дрик кој е во FBI веќе 15 години.
Двата концепти се (помалку или повеќе) генетски втемелени во секој од нас, исто како и нашата потреба да и припаѓаме на некоја група.
Имајќи го ова во предвид, одговорот на прашањето како да ги зајакнете и подобрите односите со другите луѓе е прилично едноставен.
“Разговарајте за интересите и приоритетите на другите, безусловно и несудејќи ги, туку прифаќајќи ги нив и нивните избори. На некои таа способност им е вродена, а други мораат да научат да ја изградат”, – тврди Дрик.
Ова е, додава, вовед во стекнување на доверба. Втората фаза во овој процес е да настојувате да ги разберете целите кон кои тежнее другиот и неговите цели и приоритети да бидат први на листата на вашите пиоритети и цели.
“Кога целите и приоритетите на другата личност ќе станат и ваши цели, довербата почнува да расте и да се развива”, објаснува.
Но кој е најлесниот начин да му придете на некој кого не го познавате и да го замолите да ви направи услуга? Играјте на карта сочувство.
“Шансите за успех се зголемуваат ако ви тргне од рака услугата која ја барате да е поврзана со приоритетите и интересирањата на особата од која ја барате”
За да воспоставите однос со другите (на пример, кога држите говор или презентација), потиснете го сопственото его и направете смешка на сопствена сметка. публиката треба да биде во центарот на вниманието.
Кажувајте им на луѓето за квалитетите и способностите кои ги имаат и уверете ги дека вашата единствена цел е да им помогнете подобро да ги сфатат своите квалитети и да научат да ги пренесат и на другите.
“Сечие мислење и прашање прифатете го без осуди. Ако не се согласувате, едноставно само кажете: Интересен став, ме тера на размислување… Како дојде до него?”
Tocka.kom.mk