ФБИ агент открива како во 5 чекори да ја стекнете довербата на друг човек


Робин Дрик од Програмата за анализи на однесување, Интелигенцијата на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) разговара со еден новинар “, Бизнис Инсајдер”, и ни открива како да изградиш однос со другите и како најлесно да се стекнеш со нивната доверба.

Искуството и научните податоци ни говорат дека човекот всушност најголемата среќа ја доживува при позитивните друштвени интеракции и односи.

425372_robin-drik_fbi-ne-uchi-da-bideme-super-01“Нашиот мозок хемиски се надградува кога сме во можност да разговараме и да ги споделиме со другите наши ставови, приоритети и цели.. Нашио мозок исто така се надградува ако сме во целост прифатени онакви какви што сме”, – објаснува Дрик кој е во FBI веќе 15 години.

Двата концепти се (помалку или повеќе) генетски втемелени во секој од нас, исто како и нашата потреба да и припаѓаме на некоја група.

Имајќи го ова во предвид, одговорот на прашањето како да ги зајакнете и подобрите односите со другите луѓе е прилично едноставен.

“Разговарајте за интересите и приоритетите на другите, безусловно и несудејќи ги, туку прифаќајќи ги нив и нивните избори. На некои таа способност им е вродена, а други мораат да научат да ја изградат”, – тврди Дрик.

Ова е, додава, вовед во стекнување на доверба. Втората фаза во овој процес е да настојувате да ги разберете целите кон кои тежнее другиот и неговите цели и приоритети да бидат први на листата на вашите пиоритети и цели.

“Кога целите и приоритетите на другата личност ќе станат и ваши цели, довербата почнува да расте и да се развива”, објаснува.

Но кој е најлесниот начин да му придете на некој кого не го познавате и да го замолите да ви направи услуга? Играјте на карта сочувство.

“Шансите за успех се зголемуваат ако ви тргне од рака услугата која ја барате да е поврзана со приоритетите и интересирањата на особата од која ја барате”

За да воспоставите однос со другите (на пример, кога држите говор или презентација), потиснете го сопственото его и направете смешка на сопствена сметка. публиката треба да биде во центарот на вниманието.

Кажувајте им на луѓето за квалитетите и способностите кои ги имаат и уверете ги дека вашата единствена цел е да им помогнете подобро да ги сфатат своите квалитети и да научат да ги пренесат и на другите.

“Сечие мислење и прашање прифатете го без осуди. Ако не се согласувате, едноставно само кажете: Интересен став, ме тера на размислување… Како дојде до него?”

Tocka.kom.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1