Фејсбук ќе ги маркира “кромид” вестите


Facebook ќе им помогне на корисниците да ја препознаат лажната вест од Onion и други слични сајтови, вели BBC.

Корисниците кои споделуваат сатирични вести сигурно знаат дека се работи за лажни вести, но проблемот, кој Facebook сака да го реши, e кај другите корисници кои ја гледаат споделената вест и не се сигурни дали изворот е вистинит.facebook-ap

Сатиричните вести често се спакувани како медиумски продукт, и често се добро напишани, иако ирационални, па многумина корисници им веруваат и ги сфаќаат здраво за готово како вистински вести.

Друштвената мрежа потврди дека прави тест со мал број на корисници така што им покажува текст [Satire] пред линкот до лажните вести.

Фидбекот ќе пресуди дали маркирањето на содржина ќе им помогне на корисниците да ги разликуваат лажните од вистински вести.

Но, тешко е да се верува дека Facebook ќе успее да ги препознае лажните вести од македонските сатирични сајтови како Брејкинг.нет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1