Книгите за „фенг-шуи“ и предвидување на судбината се повлечени од продажба во рамките на кампањата против суеверие на кинескиот претседател Кси Јинпинг, објави „Чајна морнинг пост“.
Сепак, интересот меѓу кинеските граѓани за овие книги е голем, па нивната продажба сега е префрлена на црниот пазар.
Мак Линг-линг и Со Ман-фунг, самопрогласени мајстори за фенг-шуи од Хонгконг, повеќе немаат дозвола своите книги да ги продаваат на кинескиот пазар На кинеските интерент страници сега се продавата само нивни пиратски копии.
– Овие книги не може да бидат веродостојни. Нивната цена е пониска од таа по која се продаваат во Хонгконг, изјави Вонг Бинг-шун, продавач на книги и списанија од Хонгконг.
Според него книгите за предвидување на судбината биле особено популарни меѓу туристите во Кина, кои сега се насочени кон поевтини копии на црниот пазар.