Фер или нефер? Дури и мајмуните препознаваат кога не се еднакво платени (Видео)


Си ја извршуваш работата и платен си за тоа. Животот е добар, нели?

Освен ако си мајмун и гледаш како другарчето ти е подобро наградено за идентично завршена задача.

 Франс де Вал, приматологист и професор на Emory University извршил експеримент врз Капучин мајмуни пред 10 години за неговата “Fairness Study”. За време на истражувањето, два мајмуна биле натерани да извршат одредена задача за да добијат награда. Ако си мајмун, знаеш дека парче краставица е прифатлива награда, но ако си награден со грозје, тогаш знаеш дека си навистина добар.

Првиот мајмун добива краставица откако ја завршува својата задача, но тоа не завршува добро откако ќе забележи дека другиот мајмун е награден со грозје за истата работа. Бесен почнува да удира по масата, да ги фраќа парчињата краставица назад и да протестира во својот кафез.

Де Вал заедно со неговата колешка, Сара Броснан, ги објавија своте истражувања во списанието Nature о 2003. Видеото од Мај е едно од попопуларните на YouTube со над 1.2 милиони гледања.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1