Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан во улога на сведок во врска со случајот „Монструм“, најави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, која го води предметот.
На денешното судско рочиште за петкратното убиство кај Смилковско езеро, познато под работно име „Монструм“, беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето околу 38 илјади прислушкувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот.