ФФМ носи промени, Тошак си поднесе оставка


Поранешниот селектор Џон Тошак предвреме ја прекина соработката со новото раководство во ФФМ на чело со Илчо Ѓоргиоски.

После 20 години конечно во ФФМ се воведуваат некакви основни стандарди кои што треба да го издигнат македонскиот репрезентативен фудбал на повисоко ниво, барем што се однесува до ангажирањето на странски тренери на кормилото на репрезентацијата.
Поранешниот тренер на Вардар, побарал од Велшанецот поголем ангажман и престој во Македонија, со цел да и обрне поголемо внимание на македонската фудбалска сцена, со цел да ја крене на едно повисоко ниво, а не како што беше случај досега само да ја критикува. Тошак на средбата со првиот човек на ФФМ, одговорил дека ги разбира барањата на новото раководство, но исто така објаснил дека не бил подготвен да ги прифати ваквите условите.
Кој ќе го наследи Тошак на клупата на сениорската репрезентација, останува да се слушне на утрешната пресконференција.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1