Twitter и Tumblr ќе вршат пренос на затворањето на Олимписките игри


Доколку од некоја причина не можете да бидете пред телевизор за време на церемонијата на затворање на Олимписките игри, има решение, тука ви се Twitter и страната Tumblr.

Официјалната твитер страница за церемонијата на затварање е активна на www.London2012.com, во рамките Ceremonies категоријата, додека пак на твитер најлесно ќе ја пратите на ClosingCeremony.

На оваа страница од секунда во секудна ќе се појавуваат најважните информации за тоа што всушност се случува на затворањето на олимписките игри. На отворањето милион луѓе коментираа на Twitter за помалку од 10 часа.

Доколку пак вие сте од оние луѓе „цело е кога има се“ одете до новата Tumblr страна посветена на церемонијата на затворањето на игрите. Таму во „Timeline“ облик се прикажуваат сите случувања за време на затворањето, но со фотографии, многу повеќе текст и со појасен преглед на информациите. Овде можете да гледате видео клипови како и слики кои се додаваат речиси истовремено со тековните случувања, и се разбира тука се и филтрите, кои ви ги даваат само содржините што ве интересираат.

Секако двата сајта можете да ги пратите со вашиот мобилен телефон, со помош на одговарачките верзии. Се разбира достапни ви се и Twitter и Tumblr бесплатните апликации.

Која варијанта и да ја одберете, единствено е важно  да бидете дел од големиот спортско-забавен спектакл.

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1