Избегнете грешки при перењето на вешот


Трикови на добрите домаќинки!

Чистата облека не подразбира само активирање на машините за перење, туку и пред и по перењето, треба правилно да се чува и одржува облеката, како не би се изгубил обликот и бојата на истата.

Затоа ви пренесуваме неколку совети како помош, со кои ќе избегнете поедини грешки кои редовно ви се случуваат.

Треба ли да комбинираме избелувач и детергент во машината за перење?
Никако!

Детергентот како прво го неутрализира избелувачот. Наместо тоа, додајте го во последните пет минути во циклусот на перење, како би можел да делува, па потоа додајте омекшивач, за да вашиот веш мириса поубаво.

Мислите дека облеката се смалува во машината за сушење.
Погрешно.

Вистината е дека недостатокот на влага, а не на топлина е причина за собирањето на вешот. Затоа извадете го од машината штом се исуши.

Дали е доволно да се третира само предниот дел од материјалот за да се отстрани флеката?
Погрешно

На тој начин само ја размачкувате флеката во материјалот. Наместо тоа третирајте ја флеката и од задната страна, без разлика дали се гледа и веднаш ставете ја да се пере.

Знаете ли при допирот дали облеката уште е влажна?
Не, не и не!

Најпрвин, нервите на прстите тешко разликуваат ладно од влажно. Наместо тоа, притиснете го материјалот на усните, затоа што тие лесно можат да разликуваат влажно од ладно.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1