Соберете ги е-маиловите од пријателите на Facebook со еден клик


Доколку ви требаат сите мејлови од вашите Facebook пријатели, а веројатно ни на крај памет не ви дошло, секој посебно да го кликнете и копирате бидејќи тоа е безобразно напорен процес, имаме за вас совршено решение.

Facebook Email Exporter –  алатка што ви овозможува преземање на сите мејлови на вашите фејсбук пријатели со само еден клик.  Ваквиот „Shortcut“ е дело на турски програмер, чија мисија е олеснување на вашето секојдневие.

Во случајов се што треба да направите е да ја посетите страницата fbemailexporter.com и да го одвлечете копчето “Export Contacts” во вашиот прегледувач. Потоа едноставно посетете го Facebook и уште поедноставно кликнете на “Export Contacts”.

Сите мејлови од вашите пријатели ќе бидат преземени во вашиот комјутер.

Се разбира не кликајте ништо „на невидено“ претходно добро прочитајте ги условите на fbemailexporter.com.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1