Ниту е вкусно ниту е здраво: Ова се најчудните производи на прехранбрената индустрија


Корисниците од сервисот на Ранкер, ги одбраа десетте најлоши јадења и пиења, но и други производи, поврзани со прехранбрената индустрија, која може да се најде во трговските центри ширум светот.



Нездравата процесуирана храна некогаш била предмет на исмејување поврзана со американската култура, но низ глобализацијата, сите ние сме некако се поблиску до општество, кое што конзумира производи кои немаат ништо заедничко со здравата исхрана.

Што се случува кога храната станува екстремно нездрава? Добиваме прехранбени производи како сланина во цевка, енергетски пијалок Стивен Сегал и многу други. Корисниците од сервисот на Ранкер, ги одбраа десетте најлоши јадења и пиења, но и други производи, поврзани со прехранбрената индустрија, која може да се најде во трговските центри ширум светот.

Уркел-Ос

Уркел-ос се житарици со ликот на Уркел од серијата „Семејни работи“, а овој производ датира уште од времето кога Ерик Картман бил нивен обожавател. Се работи за шарени житарици кои потсетуваат на овошна салата поради нивниот недефиниран овошен вкус. Имено овде житариците повеќе се разликуваат по бојата, отколку по типот на овошје. Ако некогаш наидете на кутија на Уркел-Оса, бидете претпазливи. Ваквата храна повеќе не се произведува.

Мистер Ти, гума за џвакање

Мистер Ти. Стана вистнска легенда благодарение на филсмскиот серијал, „А тимот“, а се појавува и како негативец во Роки 3. Во осумдесетите години завладеа во шоубизнисот што стана и заштитно лице на различни производи.

Гумата за џвакање е еден од неговиот златен ланец, која дефинитивно е еден од подобрите производи, а корисниците имаа прилика и да бидат учесници во наградната игра, во која главна награда беше токму златниот ланец на Мистер Т.

Стивен Сегал енергетски пијалак

И покрај тоа што Руди Пајпер беше човекот заслужен за цитатот, „Ќе јадеш молња, ќе се**ш грмотевици“, во култниот хорор филм „Тие живеат“, овој енергетски пијалак го носи името на мајсторот по аикидо Стивен Сегал. „Молња Болт“ се рекламира како стопроцентен природен напиток направен од билки кои што не содржат шеќер. На лименката се наоѓа главата на холивудскиот актер Стивен Сегал.

Ароматизирана свеќа, Бел Замок

Сите љубители на филмските серијали на Харолд и Кумар, знаат дека „Вајт Касл“ е ланец на ресторани за брза храна познат по своето мени, во кое се нудат голем број на мали хамбургери. А, доколку ја сакате аромата на говедско месо на жар, тогаш оваа ароматизирана свеќа е идеална за вас. Имено таа репродуцира мирис на месо и помфрит.
Бејкон сланина

Овој производ со вкус на сланина, е совршен лек за испукани усни. Компанијата McPhee, која гo произведува овој продукт, е специјализирана за ваков тип на шарлантни производи, така што истата ja рекламира и Бејкон сланината од која што вашите усни ќе ги направи влажни и месни во текот на целиот ден.

Пепси Вајт

Пепси Вајт излезе само на јапонскиот пазар, каде што бизарните комбинации на вкус, всушност и не се така бизарни. Па на тој начин и Пепси со вкус на јогурт во таа земја и не изгледала толку чудна идеја.

Додека во западните земји ваквото нешто беше незамисливо да се продава, во Јапонија, освен Пепси – со вкус на јогурт, овој популарен газиран напиток можете да го најдете и со вкус на крставица. Швеж, но не и кисел.

Тофурку Сода

Газиран сок со арома на сос? Да, зошто да не, нека биде квази-вегетаријанска бикарбона.

Производителот на Тофурку Сода, во својот асортиман има широк избор на пијалоци со чудни вкусови.

Пица Бургер

Ланецот на брза храна Бургер Кинг, е голем конкурент на Мекдоналс кој пак сака да се фали со тоа што плескавиците ги пече на отворен оган, и нуди поголем избор на хамбургери од својот конкурент, а Пица Бургер е доказ дека на менито имаат голем број на мрсни сендвичи. Оваа кобинација на пици и хамбургери веќе не се произведува, а причината е тоа што, еден Пица Бургер содржи 2500 калории и 144 грама маснотии.

Пржена Кока-Кола

Овој специјалитет е релативно нов и не е целосно комерцијализиран, а го смислил информатичарот Абел Гонзалес јуниор, во натпревар на државен саем во Тексас, во 2006 година.

Пржена Кока-Кола се состои од смрзнати топки мелено месо, полиено со арома екстрат од Кока Кола, кое потоа се пржи во фритеза и се прелива со сируп, крем и шеќер со цимет.

Ова јадење стана голем хит во Тексас и само една недела подоцна почна да се продава во дури 47 држави во САД.

Мелена сланина

Нешто меѓу паштета и ќечап, е тоа е Мелена Сланина, смеса од вкусна сланина која доаѓа во исто пакување како и ќечапот. Ова не е американски изум. Паштета од сланина ја смислил шведскиот изумител Вилхелм Лилефласк, неколку години по Втората светска војна, додека работел во еден мал ресторан во Шведска.

Лилефлакс го развил процесот во кој пржената сланина се преработува во паста,а резултатот е природна паштета од сланина, без вештачки адитиви, конзерванси или какви било други засилувачи на вкус. Вихлем до ден денес ја води фирмата Сквиз Бејкон.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1