Ова е девојката која ја нападна канибалот – Лазаревац град на стравот!


Уште еден канибалистички напад во Лазаревац, овојпат жртва на ваквото болно грозоморно дело е 15 годишно девојче, за среќа успеала да се спаси без поголеми последици.


„Кога ме грабна за раката и ме гризна, за малку не се онесвестив, многу се исплашив, но сепак некако се извлеков од неговите канџи и избегав“, вака Наташа  ја објаснува својата блиска средба со човекојадецот кој е страв и трепет во Лазаревац.

Наташа работи како хигиеничарка во црквата св. Димитрија во Лазаревац, таа е трета жртва на необичните канибалистички напади кои во последниве седум дека се случија во градот. Пред неа во центарот на Лазаревац беа нападнати  21 годишниот Немања Вучиќ и 18 годишниот Немања Јеремиќ, нивниот сограѓанин „човекојадецот“ Станоевиќ им ги одгриза ушите. Молскавично брзо се прошири лажната вест дека канибалот Лектор е повторно на слобода, од тогаш никој во градот не спие спокојно. Наташа критичната среба со канибалот ја имала пред две ноќи, кога на периферијата од градот, била нападната и каснта за зглобот на десната рака. Вели момчето и било познато, но до сега со него немала близок контакт.

„ Го имам гледано во автобуси, додека „питачи“ или пак се движи по улица разговарајќи самиот со себе. Имам слушнато дека е од Краљево и дека се дрогира, во што и самата се уверив пред некој ден. Беше страшно, имаше налудничав поглед и ми се закануваше. Доживеав шок, не можам да спијам залудни се и апчињата. Постојано ми е во главата. Не одам в црква бидејќи се плашам да не ме нападне повторно, вознемирено раскажува Наташа која заедно со своите девет браќа и сестри живее во близина на Лазаревац.

Неофицијално, полицијата уште трага по манијакот што ја нападна Наташа. Тој е познат за органите на прогонот, со оглед на тоа што веќе извесно време се шета низ парковите и вознемирува малолетници.
По неколкуте  канибалистички напади Лазаревац нема мир, уште при првиот мрак се претвора во град на духови, речиси и не може да се види малолетник без придружба на улиците.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1