Видео: Вака на улица заработуваат генијалци


Таленирани улични свирачи пронајдоа едноставен и иновативен начин како да ги забавуваат гледачите, а при тоа и да заработуваат. Погледнете!

Младиве музичари на улиците низ Бруклин направија вистинска мала забава: Тие во својот настап на креативен начин ги вклучија и случајните минувачи. На масата покрај која свиреле, поставиле кутија за донации, на кои ги испишале имињата на изведувачите кои се наоѓаат на нивната репортажа, како и наредбата за темпо на свирењето.
Уфрлената донација во чашките, била наредба за музиката која што минувачите сакале да ја слушнат. Доста импресивно, дечките го отсвирија тоа што луѓето го побараа од нив, без оглед на „хаотичната“ ситуација.
Во описот на видеото стои информацијата дека целиот приход ќе биде вложен во непрофитна организација која се занимава со “приближување на уметноста на различни групи на млади луѓе“. Во својот мал перформанс, вклучија и неколку изненадувања. Не пропуштајте го ова весело видео.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1