ФИФА – Легло на мито и корупција


Жоао Авеланж и претседателот на националниот сојуз на Бразил, Рикардо Тешеира, примале мито од позната маркетиншка агенција.
Скандалот што ја потресе светската фудбалска јавност со корумптивните зделки што се случувале минатите две децени, синоќа ги потврди и Врховниот швајцарски суд кој што во јавноста излезе со документ на кој јасно се покажува како некогашниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж и претседателот на националниот сојуз на Бразил, Рикардо Тешеира, примале мито од позната маркетиншка агенција.

И ФИФА го објави докуменот на кој јасно се гледа сумата во висина од 12,74 милиони швајцарски франки (13 милиони долари) во периодот од 1992 до 1997 година. Агенцијата банкротирала во 2001 година. Агенцијата банкротирала од 2001 година. ФИФА ваквиот документ го обелодени во јавноста веднаш откако Врховниот суд на Швајцарија пресуди дека медиумите треба да ги добијат сите детални информации со работењето на агенцијата.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1