Две недели болна македонка е првата личност која е позитивна на коронавирусот, предмалку соопшти Венко Филипче, министер за здравство.
Македонката пред неколку дена пристигнала од Италија каде што била на одмор кај свои блиски повеќе од еден месец.
Заразената била болна во Италија и таму се лекувала, но не била тестирана од коронавирусот. Жената со комбе пристигнала во Македонија.
Во моментов се бараат сите лица кои биле во комбето за да бидат истестирани од коронавирусот.
Филипче соопшти дека најверојатно инкубацијата на болеста била завршена и дека немало опасност од проширување на вирусот кај останатите патници со оглед дека заразената била веќе две недели болна во Италија.
Филипче посочи дека нема место за паника. Ги повика фирмите каде што нивни вработени биле на некое од кризните подрачја да не ги примаат работниците на работа и да им порачаат да останат во своите домови 14 дена.