Идентификувани сите патници кои биле со заразената – вечерва ќе останат дома со полициски надзор


Министерот Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со корона вирус се идентификувани и се тестирани. Сите тие ќе останат дома сè додека не се дознаат резултатите.

Заболената пациентка е во добра здравствена состојба и е сместена на Инфективна, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес-конференција, посочувајќи дека таа има лесна форма на коронавирусот.

Вели дека идентификувани се сите патници кои патувале со неа.

-Станува збор за комбе во кое биле девет луѓе, осум патници и еден возач. Три се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката која што ја пречекале и три места во Струмица. Во овој момент упатени се екипи на епидемиолози заедно со претставници на МВР за да се направи соодветната анкета по однапред утврден прашалник кој што е во регуларниот пристап на епидемиолозите, рече Филипче.

Епидемиолозите треба да дознаат со кој се комуницирале овие патници. Сите лица вечерва ќе останат дома со полициски надзор, како што е тоа предвидено во протоколите.

-Врз основа на податоците со колку луѓе контактирале во текот на денот и колку има членови на семејството ќе се одреди дали ќе продолжи домашната изолација утре ќе бидат префрлени во претходно одредените инфективни одделенија за надзор, вели Филипче.

Потенцира дека нема простор за паника и нема потреба од снабдувања и од дополнителни залихи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1